Македонија 01. јануари 2019. / 14:11

ВМРО-ДПМНЕ му се поклони на Киро Глигоров – делегацијата предводена од Владимир Ѓорчев

ВМРО-ДПМНЕ му се поклони на Киро Глигоров – делегацијата предводена од Владимир Ѓорчев

На денешен ден пред седум години почина првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров.

По тој повод делегација од ВМРО-ДПМНЕ оддаде почит и му се поклони на Глигоров.

Делегацијата беше предводена од членот на ИК и пратеник Владимир Ѓорчев, а во неа беа Наум Стоилковски и Игор Николов.

-Почит и сеќавање за Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ. Штипјанец и Македонец.

Се вложи себеси во градењето на независна Македонија.

Вечна му слава – напиша Ѓорчев на Фејсбук.