Додека министерот геноцид, Венко Филипче прави хумористични видеа Македонија има нов најцрн ден во епидемијата со корона вирусот. Бројот на заболени во последното деноноќие е 1.192 и на 22 починати лица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.
Филипче нема кого не обвини за својата неспособност, ама редно време е да собере храброст и да поднесе оставка. Неспособноста на власта да се справи со епидемијата граѓаните ја плаќаат со своето здравје и со своите животи. Премногу долго Филипче се справуваше со заразата само со гол ПР, со статистички прес конференции, со флоскули дека се е под контрола и заради тоа имаме катастрофална состојба. Вирусот се шири без контрола, никој не знае какви кластери има, граѓаните не можат да закажат тестирање, а за жал се повеќе луѓе не можат да си обезбедат здравствена заштита и нега, се вели во партиското соопштение.
Оттаму додаваат дека Филипче и Заев имаа девет месеци да се подготват за есенскиот бран, арно ама ништо не сработија. Наместо мерки, велат, тераа политика, наместо заштита на граѓаните тие водеа политички маркетинг.
Резултатот сега е држава која е црн рекордер во регионот и пошироко во Европа по број на заболени и смртност. Мора да има одговорност од Заев и од Филипче за катастрофата која ја снајде Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.