Македонија 12. мај 2020. / 11:28

ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара

ВМРО-ДПМНЕ: Мислењата на Венецијанската комисија за СДСМ важат во зависност од тоа како ним им одговара

За СДСМ мислењата на Венецијанската Комисија важат зависно од тоа како им одговара нив, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што наведуваат од партијата, СДСМ има различни толкувања за одлуките на Венецијанската комисија во зависност од тоа како ним им одговара.

СДСМ денес мислењата на Венецијанската комисија ги смета за најважни во демократските процеси, а утредента кога не им одговараат мислењата на Венецијанската Комисија ги смета како мислења кои се однесуваат за државите кои се предмет на анализа. Тоа се тие двојни стандарди на СДСМ.

Сите мислења на Венецијанската Комисија се однесуваат на конкретни држави на нивните уставни и законски решенија за одредени теми.

Венецијанската комисија преку анализата на уставните и законските решенија на државите создава правни стандарди познати како „soft law“ кои треба да се почитуваат од сите држави-членки на Советот на Европа.

Во услови на пандемија СДСМ сака да создаде нови изборни правила што не се предвидени со изборниот законик и со тоа свесно ја втурна владата да уредува прашања што не се во нејзина должност.

СДСМ повторно ја злоупотребува владата за партиски цели – наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.