Македонија 24. април 2020. / 10:43

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се неповолни и носат сиромаштија

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се неповолни и носат сиромаштија

Мерките на СДСМ единствено носат сиромаштија и клуч на повеќето средни претпријатија кои се моторот на економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттаму додаваат дека поради СДСМ Република Македонија ја очекува економска апокалипса.

„Неспособноста на власта на СДСМ да се справи со економската криза, никој не аплицира за таканаречените антикризни мерки на владата на СДСМ затоа што мерките се неповолни и не нудат реална помош“, се наведува во соопштението.

За доброто на граѓаните, како што велат од партијата, СДСМ треба веднаш да ги прифати економските мерки кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека само така може да им се помогне и на фирмите и на работниците.