Македонија 01. јули 2019. / 13:51

ВМРО-ДПМНЕ: Мерката „МОЈ ДДВ“ е обична популистичка мерка од која најголема корист ќе имаат најбогатите

ВМРО-ДПМНЕ: Мерката „МОЈ ДДВ“ е обична популистичка мерка од која најголема корист ќе имаат најбогатите

Мерката „МОЈ ДДВ“ е само обична популистичка мерка донесена од оваа влада, од која најголема корист ќе имаат најбогатите, оценува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Со оваа мерка сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари во месецот или вкупно 1.872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 денари кои што ги ветуваше Заев.

Доколку СДСМ и Заев навистина се грижат за граѓаните тогаш најмалку што можат да направат за нив е да го вратат рамниот данок, да ја укинат акцизата за нафта која што тие ја покачија, да ги намалат цените на мало и конечно да почнат да ги реализираат капиталните инвестиции кои имаат најниско ниво на реализација во историјата на независна Македонија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.