Македонија 13. јуни 2020. / 13:00

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија го надмина Вухан

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија го надмина Вухан

Со СДСМ и Зоран Заев Македонија стана балкански Вухан. За 12 дена бројот на заразени од Ковид-19 е зголемен за повеќе од 50%, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Зоран Заев им нареди на Комисијата за заразни болести и Венко Филипче да бидат политичари, а не лекари бројот на заболени секој ден е над 150. Зоран Заев не ги послуша нашите совети, ниту советите на експертите, па мерките му се целосно задоцнети, а последиците ги живееме сите. СДСМ прво се стави себе, па на крај граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ддаваат дека додека Македонија тоне во пандемија, Заев наместо да мисли како првин да се спласне пандемијата и да се заштитат граѓаните и економијата мисли на себе.

Илјадници семејства се со намалени примања. Економијата тоне. Извозот е намален, а Заев нема план како понатаму. Со СДСМ само тонеме. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија – се вели во партиското соопштение.