Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието, смета ВМРО-ДПМНЕ.
„Тестирањето на сопствената самодоверба е неуспешна. Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално. Заев ја става во заложништво цела држава и нормалното функционирање на институциите само од желба по секоја цена да ја задржи власта“, додаваат од партијата.
Оттаму сметаат дека Македонија е заложник на, како што велат, болна потреба на Заев за моќ и власт.
„Зоран Заев да не глуми и да не ја внесува Македонија во нови моменти на општествена и политичка криза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.