Денес има 1 198 новозаразени случаи и 26 мртви. До сега над 1400 починаа, а Заев и Филипче тераат избори во Штип и Пласница, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Оттаму додаваат дека ако се грижеа за здравјето на граѓаните тоа немаше да им биде приоритет туку спасување на животите на граѓаните.
Достигнувањата на Заев и Филипче се следни: Македонија е на 107-мо место во светот, а на 37-мо место во Европа во број на направени тестови, Македонија е на 8-ма држава во Европа и 17-та во светот по бројот на смртни случаи на милион жители, со бројка од 671 починат на милион жители, велат од партијата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека оставка на Заев и Филипче е единственото решение затоа што тие освен пари ја чинат државата и животи.
Заев и Филипче немаат ниту еден проект зад себе освен пустош и криминал. Тие се изворот на проблемите а не решение, се наведува во партиското соопштение.