Костадинов да престане да зборува глупости и бедни спинови, Заев има приватни бизниси во Бугарија за лична корист ја продава Македонија, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ на која тој побара Мицкоски да каже за кого одработува.
-Денешната прес конференција е беден спин за да не се види расколот во СДСМ и фактот дека премиерот во заминување Заев, освен владината ја губи и партиската столица. Го молиме Костадинов да не зборува глупости, се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат на Костадиновски да го праша Заев каква тајна соработка има и колку чини идентитетот кој го распродава.
-И ќе го потсетиме дека Костадинов преставува партија, чиј лидер има приватни бизниси во Бугарија. Заев за лична корист ја продава Македонија, потсетуваат во реакцијата и додаваат: „Не знаеме дали Костадинов како да е под некакви психотропни супстанци ама дефинитивно губи контрола на реалноста“.