СДСМ во налетот на предизборна корупција која ја почнаа во првите три месеци од почетокот на годината до денес потрошија 120 милиони евра повеќе од што собрале во буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преки соопштение.
„СДСМ само во првите три месеци го задолжи секое македонско семејство за 15.000 денари. Грабежот кој СДСМ го спроведува е полош и со поразорни последици за државата дури и од тој во транзицијата.
Буџетската дупка е двојно поголема од тоа што била до сега, односно во годините 2017, 2018 и 2019 година.“, се наведува во соопштението на партијата.
Алчноста и корумпираноста на СДСМ, како што велат, не донесоа во тешка економска состојба за време на криза. Само во месец март, кога и почна кризата, буџетската дупка е 50 милиони евра. Пaдот на БДП од 4% како што прогнозира ММФ уште толку ќе ја влоши економската состојба.
„Доколку СДСМ вака продолжи буџетската дупка до крајот на годината ќе изнесува над 1.3 милијарди евра. Тоа се пари кои владата ќе треба да ги позајми, а нема да бидат потрошени ниту на развој, ниту на заживување на економијата, туку само на гол опстанок.
СДСМ ја девастираше економијата. Последиците се несогледливи.“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.