Лидерт на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали ќе даде поддршка на Алијанса за Албанците и Алтернатива за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, концизно одговори – Апсолутно, да.
„Човекот е најголемиот заштитник на оваа крими-коалиција којашто владее со Македонија изминативе години. Имаме свои аргументи зошто би ја поддржале оваа интерпелација, пореднесена од Алтернатива и од Алијанса. Се надевам на висока дебата во парламентот со што ќе му изгласаме недоверба на најнеуспешниот министер за внатрешни работи, човекот на кој можеби не му избега некој џебџија“, рече Мицкоски.