Македонија 01. ноември 2018. / 09:31

ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува како една пратеничка група во Собранието, Мицевски на местото на Данев

ВМРО-ДПМНЕ ќе дејствува како една пратеничка група во Собранието, Мицевски на местото на Данев

ВМРО-ДПМНЕ во собранието на Македонија ќе има една пратеничка група, наместо досегашните десет.

Ова, како што јавуваат дел од медиумите, е одлучено на синоќешната седница на извршниот комитет на партијата.

На состанокот била донесена и одлука нов координатор на пратеничката група да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип.

Тој на позицијата го наследува Драган Данев, кој се повлече на свое барање по последните случувања во партијата.

За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на собранието Талат Џафери.

10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ веќе немаат по најмалку 5 потребни пратеници, откако коалицијата од 51 се намали 39 пратеници, по исклучувањето на осумтемина од коалицијата кои гласаа за уставните измени и кои формираа сопствена пратеничка група, како и претходните заминувања на пратеници.