Македонија 05. јули 2019. / 10:19

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да поведе постапка и да побара притвор за Рашковски

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да поведе постапка и да побара притвор за Рашковски

ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност за Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, по сканладот со М-НАВ.

Од опозицијата сметаат дека во правна држава не смее да се договараат провизии, ниту во четири очи, ниту во било кој друг формат.

– Провизии во една правна држава не смее да се договараат ниту во четири очи како што целата јавност виде дека Заев практикува во случајот „евро за Вице”.

Во секоја држава членка на ЕУ функционерот-криминалец би завршил во затвор, а не да добие амнестија, како што Заев беше ослободен од македонскиот суд. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека изјавата на премиерот Зоран Заев дека надвор од нормална свест е да се бара провизија на состанок со повеќе луѓе, докажува дека тој бил научен да бара поткуп во друг формат.

– Изјавата на Заев „Да се зборува за провизии на состанок каде биле осум души апсолутно е далеку од која било нормална свест” само докажува дека човекот е научен да бара поткуп во друг формат од начинот на кој што делува неговиот генерален секретар.

Рашковски е копија на Заев. Негов ученик во корупцијата и криминалот. Затоа Заев го штити и не го менува. Заев е тој што дал овластување однапред да се каже кој ќе победи и да се чека „награда”. – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат Јавното обвинителство да покрене постапка против Рашковски и да побара притвор.

Според нив одговорност мора да има и за овој случај недозволиво е Јавното обвинителство да молчи.

– Недозволиво е Јавното обвинителство да молчи за случај каде постои сомнеж за криминал за кој е предвидена казна затвор од над пет години.

Одговорност мора да има. – бараат ВМРО-ДПМНЕ.