Македонија 27. февруари 2021. / 15:34

ВМРО-ДПМНЕ: Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци, тоа ли е договорот Заев-Мијалков ?

ВМРО-ДПМНЕ: Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци, тоа ли е договорот Заев-Мијалков ?

Зоран Заев не спроведува правда. Зоран Заев се пазари. Излегува ли Сашо Мијалков на слобода за два месеци? Тоа ли е договорот Заев – Мијалков?, се вели во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека откако јавноста притисна и имаше жестока реакција за пад на владата, Заев се спаси со договорот со Мијалков, но не за долго.

-Договорот кој требаше да значи бегство сега е заменет со договор за слобода за два месеци?, велат од партијата, прашувајќи дали Заев мисли дека граѓаните ќе му ја проголтаат оваа лага? Привидниот мир кој сега го купува ќе дојде за плаќање за два месеци, а што тогаш? Со Заев не е можна правда. Со Заев имаме само неправда.