Македонија 01. февруари 2020. / 10:09

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да ги истражат сомнителните случаи со лиценци за канабис

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да ги истражат сомнителните случаи со лиценци за канабис

Криминалната банда на СДСМ цели три години работи за бизнис интересите на кланот Заеви и нивните најблиски соработници, се вели во утринско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека владата која СДСМ ја предводеше изминативе три години ја одбележаа понижувања, порази, криминални афери, матни тендери и приватизација на секој бизнис и институција.

Последен во низата скандали, наведуваат од партијата е „Канабис – милионите на Заев“  со кој Зоран Заев и СДСМ си создадоа нова рекет машина преку која собираат пари од бизнисмени заинтересирани за  одгледување на канабис.

– Само за една година Заев додели  31 лиценца за одгледување марихуана, од кои 10 се во месец декември 2019-та додека тој се уште беше премиер. Откако сами на себе си доделуваа тендери и грантови, сега сами на себе си доделуваат лиценци за одгледување на канабис. Криминалниот принцип кој Заев го практикуваше во Струмица додека беше градоначалник целосно го преслика како премиер на државно ниво, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението додаваат дека поранешниот премиер Заев со лиценца за канабис го награди и својот иден зет, синот на шверцерот на цигари Боро Марлборо, синот на финансиерот на СДСМ, Ванчо Деликатес, мајката на сопственикот на НИКОБ – фирма која ја обезбедува Владата, сопственикот на ДЕЛУКС АУТО исто така донатор на СДСМ и снабдувач на сите возила во институциите откако се тие на власт.

– Заев е должен пред македонската јавност да одговори дали сите овие фирми ги исполниле условите и која е цената на доделените лиценци. Дали лиценците за канабис се благодарница за компаниите кои го финансирале Заев со години?, прашуваат од опозицијата.

Исто така, од ВМРО-ДПМНЕ бараат Заев да одговори дали тој стои позади својот иден зет во фирмата која доби лиценца и како е можно да се додели лиценца за канабис на семејство каде што има осуден за шверцување цигари?

– Институциите во Македонија мора да се охрабрат и да ги истражат овие сомнителни случаи. Мора да се истражи дали е точно дека незаконски  и без исполнети услови се доделувале лиценците, стои во соопштението.

Одговори и одговорност мора да има.  Завршува времето на Заев и СДСМ, време на криминал рекет, порази и скандали во Република Македонија. После 12 април доаѓа Обнова на Македонија и следува одговорност за сите криминали и злодела. Зоран Заев никогаш повеќе!, порачуваат од