Петре Шилегов повторно заборава дека три години е СДСМ на власт и повторно не знае што зборува. Единствената вина за меѓуетничките тензии и ситуацијата во која е доведена државата е кај СДСМ и оваа Влада. Ова е општествен проблем и го доведува во прашање однесувањето и одговорноста на институциите дали работат или воопшто не работат на превенција бидејќи најмалку три години се зборува и се пласира една флоскула „едно општество за сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму сметаат оти корист од меѓуетнички тензии во моментов имаат само СДСМ кои крахираат на секој поглед и им доаѓа до израз неспособноста.
Ако лидерот на тепачите од Кале стана заменик – премиер со право на вето, каква ли порака испраќа СДСМ?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Ваквите инциденти на етничка основа им одговараат единствено на СДСМ за да го прикријат неуспехот, кои пак се подготвени да го сторат тоа и по цена на човечки животи. Ова не е едностран инцидент, ниту е нов инцидент, нешто што не е забележано досега. Институциите мора да имаат предвид и да реагираат и да превенираат и да ја осудат и пошироката слика на пример од стадионите во Чаир и во Тетово каде што исто така има сериозно прекршување и сериозно испраќање на порака, говор на омраза, додаваат од партијата.
Оттаму порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза и не поддржува говор на омраза, но ова, велат, е пошироко општествен проблем за кој што мора да се работи на превенција, а не СДСМ да има корист од истиот.