Македонија 31. мај 2020. / 23:44

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Велес се oбединија во осудите за Шекеринска!

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Велес се oбединија во осудите за Шекеринска!

Актуелната фотографија на градоначалнникот на Кичево, Фатмир Дехари со министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, под амблемот на УЧК и знамето на Република Албанија ги доближи ставовите на локалните функционери од двете политички партии во Велес.

Градоначалникот Аце Коцевски кој доаѓа од СДСМ вчера напиша статус на неговиот фејсбук профил во кој истакна дека ,,градоначалникот во неговиот кабинет не треба да истакнува партиски знамиња и грбови, верски обележја или симболи на организации, движења, армии што може да предизвикаат непријатни чувства кај странките или гостите со кои се сретнува.

– Знаме на друга држава учтиво е да се постави заедно со државното, истакна Коцевски.

На ова, тој доби коментар од Игор Здравковски, кандидат за пратеник и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес во кој тој напиша дека „за прв пат вака јавно со Вас се сложувам, се надевам дека искреноста и искуството ќе не научи еднаш сите заедно да правиме јасна дистинкција помеѓу организација и држава,,.