Бројките денес се поразителни, поради неспособноста на Венко Филипче денес имаме повеќе починати од оздравени граѓани.
Ова е ставот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која константно упатува критики кон власта. ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период е жесток критичар на политиките на актуелната власт и на министерот за здравство Венко Филипче.
– Гробарот Филипче денес закопа уште 26 невини граѓани. Кога Македонија се соочува вртоглави бројки на новозаразени и починати од КОВИД-19, Заев и Филипче планираат избори во Штип и Пласница. Заев и Филипче свесно граѓаните ги туркаат бездна за да добијат уште една функција. Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе. А како би направил нешто за граѓаните, кога е зафатен со правење пародични видеа, кои само нему му се смешни, информираат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Според нив власта свесното втурнување во опасност и загрозувањето на животите на граѓаните не е политика што ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува. Тие велат дека Зоран Заев и Венко Филипче единствено докажаа дека нивната фотелја е над здравјето на граѓаните.