Македонија 09. август 2020. / 09:14

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е пред банкрот, граѓаните се на питачки стап, а Заеви трпаат милиони

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е пред банкрот, граѓаните се на питачки стап, а Заеви трпаат милиони

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми блиски до власта и Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити.

Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка.

Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува, се наведива во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека СДСМ не се грижи за граѓаните, се додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви.

Македонија е колатерална штета на желбата за богатење на Заеви и луѓето околу нив и тоа на сметка на трудот и маката на 2 милиони луѓе, смета ВМРО-ДПМНЕ.