Поразот за СДСМ на следните избори е се поочигледен. Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во Заев и неговата Влада. Веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму констатираат дека поради тоа премиерот Зоран Заев се плаши од предвремени парламентарни избори.
– Граѓаните на Република Македонија нема да ги заборават криминалиите на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадувањето на државата на секое поле. Истрагата за Рекет претставува класичен пример како не треба да функционира една држава.Граѓаните кога и да се случат изборите ќе го казнат Заев и СДСМ.
Европската иднина на Република Македонија е загрозена поради криминалната влада на Заев.Со премиер како Зоран Заев напредок во нашата земја нема да има, освен стагнација. – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Време е да се стави крај на криминалното владеење на СДСМ и Заев. Време е да започне обнова на Република Македонија“, додаваат оттаму.