Македонија 06. февруари 2020. / 22:29

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза на Тричковски зад кој стои СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза на Тричковски зад кој стои СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза зад кој како што велат, стои директно СДСМ.

Надлежните жестоко да реагираат, бараат од ВМРО-ДПМНЕ по нападите на министерката Рашела Мизрахи од страна на новинарот Бранко Тричковски.

„СДСМ ги помина сите граници. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза и антисемитизмот кој го практикуваат структури блиски до власта како што е последниот случај во нападите на Рашела Мизрахи од страна на Тричкоски. ВМРО-ДПМНЕ смета дека таквиот говор на омраза е стимулиран и поттикнуван директно од СДСМ и Зоран Заев. Тоа, заедно со лажните вести, се само завеса зад бегството од одговорност за криминалите за кои треба да одговараат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквото оркестрирано ширење на омраза на гласноговорниците на Заев покажуваат само слабост и страв од пораз на хибридниот режим на Заев, велат од ВМРО- ДПМНЕ и додаваат дека политиката на поделби на власта денес не зацврстува меѓу државите со највисока стапка на корупција и криминал во Европа.

„Ги повикуваме надлежните институции да превземат мерки за санкционирање на говорот на омраза и заштита на слободите и правата. Ги повикуваме сите општествено одговорни авторитети да го осудат антисемитизмот практикуван од владејачката СДСМ и ним блиските луѓе, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.