Македонија 09. септември 2020. / 22:44

ВМРО-ДПМНЕ го осуди и побара брзо расветлување за нападот врз новинарите од Ал Џезеира кој се случи на нивниот протест

ВМРО-ДПМНЕ го осуди и побара брзо расветлување за нападот врз новинарите од Ал Џезеира кој се случи на нивниот протест

Новинската екипа на Ал Џезеира Балканс предводена од Милка Смилевска била нападната за време на протестот против поскапувањето на струјата во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој попладнево се одржуваше во центарот на Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ го осудија овој инцидент и побараа брзо расветлување.

ВМРО-ДПМНЕ осудува секаков вид на насилство и попречување на работа врз новинар или медиум. Новинарите и медиумските работници ја имаат полната поддршка на ВМРО-ДПМНЕ . Повикуваме да се расветли настанот од вечерашниот протест и воедно ги повикуваме надлежните органи да ги расветлат сите случаи на попречување на работа на новинари, насилство врз новинари, случаи на физичка пресметка кои власта на Заев ги става под тепих. Воедно ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и случаите кога се врши политичко судски прогон врз новинари кои се критички настроени кон носителите на јавни функции, како и притисоците врз медиуми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.