Македонија 07. април 2019. / 18:48

ВМРО-ДПМНЕ ги донираше лустерите во македонските цркви и манастири

ВМРО-ДПМНЕ ги донираше лустерите во македонските цркви и манастири

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, на неговата фан-страница на „Фејсбук“ се заблагодари на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, за одлуката лустерите од централниот штаб на партијата да бидат донирани во македонските цркви и манастири. Тој се фотографираше во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци со лустерите во позадина.

-Огромна благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за донацијата од лустери кој се извадени од централниот штаб, а кој беа означени како луксуз. Затоа се подаруваат по македонските цркви и манастири. Црквата Св. „Никола“ село Љубанци ќе ви е вечно благодарна, напиша Тарчуловски на „Фејсбук“.