СДСМ и Венко создадоа хаос во здравствениот систем. Додека тие се фалат дека ја победиле епидемијата, Македонија се наоѓа на врвот по заболени и умрени од корона вирусот во регионот. Република Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регионот, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Според партијата, Филипче и СДСМ дека не можат да се справат со корона вирусот говори и фактот дека кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482.
„Додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија сеуште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација и изолација.
Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека се поочигледно е дека Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот. Со СДСМ и Заев единствено добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.