Министерот за зараза и смрт додека пандемијата коси во Македонија, продолжува со серија на свои розеви интервјуа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните умираат, Македонија рекордер во регионот по смртни случаи кои се искачија над 600-тини, а тој раскажува бајки во кој тој и самиот не верува. Бројката на новозаболени секој ден е троцифрена никако да падне, а министерот за зараза и смрт оди по стапките на својот ментор Заев и дава лажни ветувања. Филипче дозволи хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сметаат оти со ваквата предлог одлука се кршат основните човекови права и истата е на линија на геноцид преку спречување на правото на здравствена заштита и животот.
Во период кога собранието одлучува за онлајн собраниските седници со цел заштита на здравјето и животот на пратениците кога сите услови за заштита на животот и здравјето на пратениците се обезбедени во Собранието, актуелната власт го врти грбот на работниците и ги става во подредена ситуација, ги враќа хроничните болни на работните места во услови кога е крајно сомнително дали раководните лица на институциите и организациите ги имаат обезбедено сите услови за заштита на здравјето и животот на вработените од корона вирусот!, се наведува во партиската реакција.
Македонија поради неспособноста на министерот за зараза и смрт, велат, стана рекордер по смртноста од Ковид – 19.
Поради него земјава е на врвот на најнеуспешни земји кои се справуваат со пандемијата. Филипче преставува елементарна непогода за македонскиот здравствен систем, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.