Македонија 11. февруари 2021. / 08:50

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си напише оставка – банда неспособни луѓе управуваат со нашата земја

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си напише оставка – банда неспособни луѓе управуваат со нашата земја

Одложувањето на примопредавањето на вакцините кое Владата на Заев го најавуваше 10 дена е дел од епската брука и неспособност на Заев, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното кусо соопштение на српската, а подоцна и на македонската страна дека вакцините од Србија, сепак, нема да стигнат денеска.

Наместо да се правдаат дека и ова е перцепција, утре чекаме Филипче сам да си ја напише оставката и да ја спаси земјава од епската неспособност и брука. Заев го проби дното. Банда неспособни луѓе управуваат со нашата земја, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.