ВМРО-ДПМНЕ ја претстави идејата за кандидат мандатар и беше донесена едногласна одлука кандидат за мандатар да биде професорот Д-р Христијан Мицкоски.
-На овие избори свои кандидати покрај ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат и СДСМ и ДУИ. А финалната одлука ја имаат граѓаните на изборите. Во овие моменти сметаме дека поважно е да се фокусира целата јавност кон најголемиот проблем, а тоа е заразата и рекордно црниот биланс на ново заразени. Најголем приоритет е здравјето на граѓаните, велат од партијата.