Македонија 06. јануари 2021. / 09:00

Додека власта сече торта без маска, Спасовски покажа сила кон народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Додека власта сече торта без маска, Спасовски покажа сила кон народот, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со реакција околу вчерашниот настан кога полицијата растурила бадников оган во Орман, и притоа биле уапсени десетина лица.

Од опозицијата велат додека власта сече торти без маски, Спасовски покажува сила кон народот.

Спасовски и Заев повторно удрија по граѓаните. Додека функционерите од ДУИ сечат торти и прават забава во новиот објект на министерството за политички систем на Артан Груби, без маска и без почитување на мерките за заштита од КОВИД-19, и за тоа институциите молчат и не покренуваат никакви постапки, МВР во текот на вчерашниот ден апсеше граѓаните за палење на Бадникови огнови, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека во текот на вчерашниот ден во село Орман, беа уапсени 10тина лица заради палење на бадников оган, од страна полицијата.

Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз граѓаните. Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.