Македонија 22. април 2019. / 14:39

ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски: Граѓаните порачаа дека не поддржуваат криминал, корупција и непотизам

ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски: Граѓаните порачаа дека не поддржуваат криминал, корупција и непотизам

Граѓаните вчера ги поразија антидржавните политики на Заев и Пендаровски. Граѓаните порачаа дека не поддржуваат криминал, корупција и непотизам. Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ги поразија СДСМ, ДУИ и уште 30-тина партии кои застанаа зад Пендаровски.

-Бранот на промени е тргнат. Македонија бара право и правдина. Граѓаните покажаа храброст и желба за подобра иднина. Гордана Силјановска Давкова е кандидат кој обединува, носи подобра иднина и гарантира почитување на уставот и законите. Заев и Пендаровски изгубија и тие го знаат тоа. Доволен знак се нивните панични реакции и бледи прес конференции како вчера така и денес. Граѓаните ќе им го зададат крајниот удар на Заев и Пендаровски на 5-ти мај, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.