Македонија 05. март 2021. / 10:00

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев сега го спрема Фрчкоски за уставен судија или за амбасадор во Белград?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев сега го спрема Фрчкоски за уставен судија или за амбасадор во Белград?

Државава ја тресе нов скандал, најавува ВМРО-ДПМНЕ.

– Вратен предлогот за Фрчковски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош. Заев со нов скандал за лице претставник на државава во најмоќната земја го прати Фрчкоски кој е женомразач, шверцер на нафта и цигари и министер кога се изврши атентатот врз Глигоров. Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија. Фрчкоски е докажан женомрзач, тепач на жени, шверцер на нафта и цигари и министер во МВР кога се случи атентатот врз Глигоров. Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ која ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија. Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето на Фрчкоски како амбасадор. Зоран Заев направи дипломатски скандал, и ја посрамоти Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потсетуваат дека Фрчкоски е четврти дипломат кого сојузниците го враќааат, па прашуваат дали Заев намерно ја поткопува западната алијанса и НАТО.

– Дали Заев по шамарот од САД го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград? За кого работи Заев, за Македонија и НАТО сигурно не!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.