Македонија 12. март 2021. / 09:33

ВМРО-ДПМНЕ: Дали вицепремиерот Николовски влијаел при шверц на тутун во Македонија?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали вицепремиерот Николовски влијаел при шверц на тутун во Македонија?

Царинската управа призна дека е извршен нелегален увоз на 5 камиони на тутун во Македонија. Увозот го направила фирмата Студенац Шред која немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

– Како тогаш 5 камиони тутун влегле во Македонија? Ова не може да биде само пропуст на дежурните цариници. За 5 камиони со нелегален тутун да поминат граница потреба е огромна логистика, а таа логистика може да ја обезбеди само врвот на власта. Газдата на Студенац Шпед е близок пријател на братот на Љупчо Николовски. Дали Љупчо Николовски влијаел да се увозе нелегалниот тутун во Македонија? И дали братот на Љупчо Николовски е вмешан во нелегалниот увоз на тутун? Зошто и после една година откако е увезен тутунот, а истиот е увезен нелегално нема постапка од страна на ЈО? Луѓе одат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцаат пет камиони тутун и се шетаат на слобода, се вели во соопштението.