ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик?
Од владејачката партија има молк по ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се поставени македонската историја и македонскиот јазик? Дали дел од пакетот на договор е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
За само неколку месеци, како што велат ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.
Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евроатланските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед. Заев со неговата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија, додаваат од партијата.
Според нив, Заев не е способен да испорача резултати на ниту едно поле.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се наведува во соопштението на партијата.