За опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлогот Вилма Рускоска да го води новото специјално обвинителство е како што велат, далеку од прифатлив, пренесува Сител.
Од опозицијата велат дека укинувањето на СЈО и неговото спојување со постојното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кореспондира со нивните барања во преговорите и дека овој дел од предлогот за нив е прифатлив. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со конечен став партијата ќе излезе по целосната анализа на предлог законот, а во меѓувреме, партијата ќе работи на своето законоско решение.
Името на обвинителката Вилма Рускоска е спорно и за пратениците од независната пратнеичка група на ВМРО-ДПМНЕ.
Неофицијално, од таму велат дека проблематична ќе биде поддршката за Рускоска пред се поради фактот што таа го водеше предметот за настаните од 27 април во кој дел од пратениците од оваа пратеничка група беа обвинети за тероризам и на нејзино барање завршија во притвор. Замеруваат и за висината на казните кои ова обвинителство ги барало во овој предмет. Во рамки на собраниската дебата, независните не ја исклучуваат можноста и за амандманска интервенција за да се прецизира што ќе се случи со предметите кои СЈО ги отвори по истекот на неговиот мандат, пренесува Сител.
За СДСМ новиот предлог закон бил доказ дека на за нив, криминалот не познава партии и дека бескомпромисно се залагаат за борба против корупцијата.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.