Македонија 10. декември 2018. / 11:55

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска наместо да се грижи за децата без родители, таа ги затвора институциите

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска наместо да се грижи за децата без родители, таа ги затвора институциите

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, не се грижи за децата без родители.
Наместо да се залага да им се обезбедат соодветни услови за живот, таа ги затвoра институциите каде што тие се сместени, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по соопштението дека годинава 60 отсто од децата се извадени од социјалните установи за да растат во подобри услови.

Со сместувањето на децата со ваков статус во мали групни домови, Царовска не обезбедува добри и квалитетни услови за нивниот живот. Дали со сместувањето во мали групни домови Царовска ќе овозможи богатење на своите блиски соработници од СДСМ преку исплата на високи кирии за тие домови? Повеќе од очигледно е која ѝ е намерата на Царовска за деинституционализацијата на групните домови, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека народот ќе ја увиди реалната слика на оваа мерка и ќе стави крај на црнилата.