Македонија 04. март 2021. / 20:04

ВМРО-ДПМНЕ: Бучковски и Георгиевски, кои се луѓе на Заев, јасно го искажуваат анационалниот став

ВМРО-ДПМНЕ: Бучковски и Георгиевски, кои се луѓе на Заев, јасно го искажуваат анационалниот став

Бучковски и Георгиевски, кои се луѓе на Зоран Заев, јасно и јавно го искажуваат својот анационален став. Ова беше истакнато денеска од страна на Марија Митева на прес-конференција во ВМРО-ДПМНЕ.

– На темата за која Георгиевски излезе јавно, Бучковски изјави дека за истото се разговарало меѓу нив уште пред тој да биде именуван за специјален претставник на Владата. Дополнително, со изјавата ја подготви јавноста дека предлогот на Георгиевски заслужува внимание и аргументирана расправа.

Цитирам: „Нам ни треба подготовка на домашната јавност за темите кои ќе се наметнат во периодот кој претстои, а тоа се темите за заедничката историја“. Понижувањата не престануваат.

Двајцата клучни луѓе на Заев, едниот како коалиционен партнер, а другиот повереник за спорот со Бугарија со тезите кои ги пласираат во јавноста јасно го покажуваат нивниот анационален став за срамниот предлог кој се коси со правото на државност. Акцискиот план се уште не и е познат на јавноста, но доволни се сигналите кои ги добивме од ваквите политичари за да ни стане јасно што се крие зад најавениот оптимизам, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете ја целата прес-конференција: