Македонија 11. март 2021. / 15:22

ВМРО-ДПМНЕ бара дијалог: „Ковид“ седница за излез од парламентарната криза

ВМРО-ДПМНЕ бара дијалог: „Ковид“ седница за излез од парламентарната криза

ВМРО-ДПМНЕ бара дијалог со парламентарното мнозининство. Тие сакаат на заедничка маса и да разговараат за злоупотреба на европското знаменце и скратената постапка. Сметаат дека се потребни и нови антикризни мерки.

ВМРО-ДПМНЕ сакаат да седнат на заедничка маса со власта и да ги отворат прашaњата поврзани со законите кои ги поднесува опозицијата, да разговараат за злоупотреба на европското знаменце и скратената постапка, а за почеток да се свика посебна таканаречена ,,Ковид“ седница на која ќе се изгласаат законите кои се дел од 5-тиот сет антикризни мерки.

СДСМ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ги повика пратениците да ги напуштат деструктивните политики и неодговорното однесување.

Алијанса на Албанците и Алтеренатива не попушта од барањето за Законот за државјанство.

Парламентарното мнозинство пак е убедено дека ќе најдат начин како да ги донесат законите. Во спротивно ќе биде неопходно да се свика лидерска средба.