Со тоа што Заев изјавува дека на спомен обележјата каде пишува „бугарски фашистички окупатор“ е подготвен да ја избрише придавката „бугарски“ значи дека јавно изјавува е подготвен за ретуширање на македонската историја и идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев на јавна сцена признава дека тргува со идентитетот и е подготвен да прифати ноторен факт и вистина дека бугарската држава за време на Втората светска војна била фашистичка и биле окупатор. Со тоа Заев продолжува со политиката на свиткана кичма и предавнички отстапки кои говорат дека Заев е најдобриот ас во Македонија на бугарската политичка сцена. Заев освен што ја ретушира историјата и идентитетот на Македонците тој и го укинува предметот историја. Заев е прв пример на премиер кој за личен интерес продава идентитет на цел народ и земја, се вели во партиското соопштение.
Ова следува по денешната изјава на премиерот, во која тој посочи што се Македонија досега направила за да излезе во пресрет на барањата на Бугарија, како ставот за немешање во внатрешните работи и малцинските права во другите земји, бришење на натписите „бугарски фашистички окупатор“ од спомениците и борба со говорот на омраза.