И долгогодишниот новинар Горан Момировски повикан на распит во МВР затоа што го објави првото продолжение од милионскиот скандал за местење на тендер во М-НАВ од страна на генсекот на владата, Драги Рашковски – дознава Лидер од полициски извори.
Како што дознаваме Момировски во моментов е на распит во СВР Скопје.
Утринава на службен разговор беше главниот уредник на Економски Лидер, Љупчо Златев, кој го објави второто продолжение од скандалот.
Нашиот уредник изјави дека наместо да го гони криминалот на Рашковски, власта ги гони оние кои што го објавиле.