Македонија 09. октомври 2020. / 08:33

ВЛАСТА ЌЕ ГО КРШИ УСТАВОТ: Полиција смее да ви влезе дома само со одлука на суд!

ВЛАСТА ЌЕ ГО КРШИ УСТАВОТ: Полиција смее да ви влезе дома само со одлука на суд!

Вчера беа соопштени новите предлог мерки со кои како што се забрануваат поголеми собири во домовите и дома може да и дојдат максимум 4 гости.

Забрана за поголеми семејни прослави во домашни услови, и групирање на јавни простори по 22 часот, како и задолжително носење маска на отворено и во затворени јавни простории, се новите мерки на Комисијата за заразни болести што ќе ги достави до Владата на усовјување, со цел да се спречи ширењето на заразата од коронавирусот.  Се забранува  групирање во домовите на семејните прослави, слави. Во едно живеалиште сопственици  дозволено е да примаат дополнителни четири лица, рече министерот Филипче.

Сепак,Според Член 26 од Уставот се гарантира неповредливоста на домот:

– Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓе, стои во Членот 26 од Уставот на Македонија.

Ова значи дека Уставот ви гареантира дека полицијата не може да ви дојде на врата доколку нема судска одлука, затоа што Членот 26 од Уставот е послилен од обвинителската одлука.

На истото тоа се осврна и  Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и упати совет до граѓаните:

Според Уставот на Република Македонија, член 26, полицијата може да влезе во вашиот дом САМО И САМО со одлука на СУД…

Никако влезот не смее да биде само со налог на Јавен обвинител, тоа е неуставно…

П.С. Време е да се почитува Уставот, секако оваа власт и насилно обвинителство скапо ќе ја чини државата со оштети во следниот период…, напиша Димовски.