Според опозицијата бегството од дуели е неодговорност кон граѓаните, според власта пак, Заев го растурил Мицкоски на дуелот на Канал 5 и нема смисла да се поти толку и на Алфа ТВ.
Ова се ставовите на двете политички партии откако изминатава недела повторно се актуелизираше прашањето и потребата од нов дуел на двајцата лидери, откако телевизија Алфа отворено со барање ги покани на тв дуел двајцата политичари.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Заев е свесен дека рејтингот му е во слободен пад и затоа избегнува лидерско соочување со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.
-На секое соочување, јавноста има прилика да види колку е Заев инфериорен или пак да чуе некоја негова нова лага, велат од партијата.
Според СДСМ пак, Заев го растурил Мицкоски на дуелот на Канал 5 и нема смисла да се поти толку и на Алфа.
– Од што беше нервозен и напнат извршителот Мицкоски се потеше за време на целата емисија, реагираат од СДСМ.
Дали ќе има дуели и соочувања останува да видиме.