Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го пречека својот колега, министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.
Ова претставува трета официјална средба на министрите за надворешни работи на двете земји во последнава година, што, како што посочуваат од македонското Министерство за надворешни работи ова претставува потврда за динамичниот политички дијалог на високо ниво меѓу двете земји. Димитров го брифираше својот колега од Луксембург за актуелните внатрешни состојби во земјата, како и за надворешно-политичките приоритети, со акцент на подготвителните активности за референдумот. Беа разменети и мислења за потенцијалот за натамошниот развој на севкупната билатерална соработка, при што македонскиот шеф на дипломатијата изразил благодарност за континуираната техничка помош и поддршка од Лускембург за реформа на јавната администрација и приближување кон европското законодавство.
Министерот Аселборн го поздрави постигнувањето на Договорот со Грција потенцирајќи ја неопходноста од негова реализација за членство на Македонија во НАТО и формално почнување на пристапни преговори со ЕУ.
За време на посетата, двајцата министри ја потпишаа и Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство на Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.