Владата на Република Македонија, со почеток во 16.30 часот, одржува седница на која ќе бидат разгледани евентуални дополнителни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција претходно денеска нагласи дека врз основа на разговори со членови на Комисијата за заразни болести ќе предложат до Владата целосно да се затворат моловите под претпоставка дека тоа се места каде има голем ризик од ширење на инфекцијата.