Владејачката партија СДСМ, партијата од чии редови доаѓа градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, преку соопштение реагираше на снимката која ја објави порталот Лидер а на која, како што тврди порталот, се слуша како градоначалнкот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, физички малтретира вработен во општината во неговата канцеларија.
-Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста, Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување. Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво“, стои во соопштението на СДСМ.