Македонија 05. ноември 2019. / 19:27

Владата воведува пилот програма за сексуално образование во училиштата

Владата воведува пилот програма за сексуално образование во училиштата

На денешната редовна 162 седница, Владата ја прифатила Информацијата на Министерството за образование и наука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование во 9-тиот степен на основното образование во четири училишта, две во урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од учениците се од малцинските етнички заедници.

Пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено да отпочне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата.