Македонија 12. ноември 2019. / 09:17

Владата во Тетово ќе ја одржи 165та седница, најаведни теренски активности на министрите

Владата  во Тетово ќе ја одржи 165та седница, најаведни теренски активности на министрите

Владата во Тетово ќе ја одржи својата 165 седница. Пред одржувањето на седницата ќе има и министерски теренски активности.

Како што соопшти владината прес-служба, министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, и директорите на Јавното претпријатие за државни патишта и на ЈП Македонија пат, Зоран Китанов и Беким Мемеди ќе направат увид во реконструкцијата на транзитот низ Тетово, регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Министерот Бектеши ќе ја посети компанијата „Федер Бау“ во Индустриската зона Тетово. Државниот секретар на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Нефрус Челику ќе направи увид во градежни работи на системот за наводнување Равен – Речица кај селото Топлица.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Клиничкиот центар во Тетово, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ќе ја посетат пекарата „Ремини“.