Македонија 25. март 2019. / 14:55

Владата со демант: Нема да ја легализираме марихуаната

Владата со демант: Нема да ја легализираме марихуаната

Владата на Македонија ја демантираше информацијата што денеска ја објави ТВ21 за легализација на марихуаната.

– Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели. – се вели во реакцијата.