Кампањата за референдумот ќе биде информативна и ќе ја финансираат министерствата со заштеди од своите буџети, информираше денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа. Колку пари ќе се дадат за кампањата како што информираше Хоџа не се знае бидејќи дополнително ќе утврдува план и програма, а средствата ќе се повлечат од ставките за репрезентации на министрите и други ставки, каде што има заштеди.
За оваа цел во следните денови минисерствата до Министерството за финансии треба да достават информација колку средства може да донираат.
-Кампањата ќе биде информативна. Сите граѓани ќе ги инфорираме за придобивките на Договорот со Грција. Оценуваме дека референдумското прашање е многу важно за иднината на Македонија и дека на овој начин отвораме пат за европска Македонија, изјави денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа.
Владиниот портпарол рече дека при подготовките на планот и програмата за референдумската кампања, ќе се оди според Законот за референдум, иако според членот 12 од овој закон, овластениот предлагач може да води јавна пропаганда на свој трошок, во случајов Собранието, бидејќи предлогот за распишување беше на пратениците од владејачкото мнозинство.
Во врска со досегашната кампања на Фејсбук страницата на премиерот Зоран Заев и за содржините пласирани на социјалните мрежи за референдумот, Хоџа рече дека се работи за потрошени средства до сто евра за јавно рекламирање на Фејсбук страницата.
Владата на вчерашната седница донесе одлука да спроведе кампања од јавен интерес за референдумот на 30 септември за прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грциja.