Mакедонската влада денеска се огради од својата екс советничка која го советувала премиерот до лани.
– Ивана Јордановска не е вработена во Владата од август 2018. Изнесените ставови може да бидат само нејзини лични мислења и никако не ги изразуваат и не смее да се поврзуваат со ставовите и политиките на Владата. Владата не поддржува и осудува говор на омраза во која била форма – напиша портпаролот на Владата во реакцијата.
На реакцијата претходеа навреди кон францускиот претседател Емануел Макрон.