Македонија 10. март 2021. / 10:10

Владата сака да го земе управувањето со Попова Шапка под своја надлежност

Владата сака да го земе управувањето со Попова Шапка под своја надлежност

Владата сака да го земе управувањето со Попова Шапка директно под своја надлежност. Во моментов со Ски центарот управува Елем Турс, фирмата-ќерка на АД ЕСМ.

-На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за изнаоѓање решение за Ски центарот Попова Шапка, како и можноста Елем Турс да се одвои од АД Електрани на Македонија за да функционира како самостоен субјект во рамките на Владата, соопшти Владата.

Во иницијативата учествуваат Министерството за економија, Елем Турс Скопје, Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Општина Тетово, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Граѓанска иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка”.

Од Владата велат дека во моментов се разгледуваат сите можности за креирање на модерен, високо квалитетен скијачки центар од национално и меѓународно значење со максимална грижа за постигнување рамнотежа помеѓу природните еко-системи и природните убавини на Шар Планина.