Македонија 30. март 2020. / 12:53

Владата обезбеди закуска и вода за денешните повратници од Виена и Базел

Владата обезбеди закуска и вода за денешните повратници од Виена и Базел

Владата на Република Македонија информира дека за патниците кои денеска од Базел и Виена ќе допатуваат на скопскиот аеродром обезбеден е транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода.

180-те патници од летот од Виена во 13:55 часот, ќе бидат транспортирани, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.

-Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат со летот од Базел во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ – Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација, информираат од Владата.

Оттаму им порачуваат здравје на граѓанитете и што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати сограѓани апелираат да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови.